И оваа година во Ирска во Ненаг, Каунти Типерери се одржа традиционалната божиќна хуманитарна парада. Фармерите ги декорира своите трактори и излегоа на блескавата парада.
На овој начин се собираат средства за луѓето, чиишто фарми се соочуваат со проблеми, како што е оваа година, Пандемијата.
Вообичаено во годините наназад парадата се следеше со огромен број на луѓе, наредени на улиците ја очекуваа шарената земјоделска поворка.
Поради пандемијата со ковид 19, оваа година улиците останаа празни, но празничната парада и собирањето средства се одржа.