Поради дефект на 110-киловолтна трафостаница „Запад“, без елекктрична енергија вечерва останаа жителите на Кондово, Сарај, Ѓорче Петров, Тафталиџе и Карпош.
Од ЕВН Македонија за МИА соопштија дека екипи на Електродистрибуција веднаш излегле на терен за да го санираат дефектот.
Во меѓувреме корисниците се префрлуваат во други напојни точки со цел што побрзо да им се овозможи снабдување со електрична енергија.
Вклучувањето на струјата нема да биде едновремено кај сите корисници оти се прави од различни точки, на што веќе работи и диспечерскиот центар и екипи на терен.
Трафостаницата во која има чад ќе остане исклучена, се додека не се открие причината за дефектот. Од ЕВН велат дека посебно во Сарај и Кондово, кои се снабдуваат со струја од оваа трафостаница,
многу често има прекумерна потрошувачка на струја, но причините за овој дефект допрва ќе ги утврдуваат.
Од ЕВН за А1 информирале велат дека сегашниот дефект не бил поврзан со оној од минатиот месец.