Феноменот во кој се спојуваат ерупција од вулкан и гром е забележан кај бројни ерупции ширум светот, а вчера тоа се случило со еден активен вулкан во Јапонија.
Вулканот Сакурајима во Јапонија веќе со денови исфрла пепел во висина од километар и пол, а вчера фотографите снимиле феномен во кој од облаците пепел се јавувале и грмотевици.
Станува збор за феномен кој е забележан во бројни ерупции ширум светот, а ист случај со овој вулкан имало и пред две години.
usb.mk
Извор: 24sata.hr