Во Холандија утврден прв случај со новиот вид на коронавирусот-забранети сите летови од Велика Британија – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/20 10:22 AM

Во Холандија утврден прв случај со новиот вид на коронавирусот-забранети сите летови од Велика Британија

Првиот случај на инфекција со нов заразен вид на вирусот корона е потврден во Холандија, поради што нејзината влада ги забрани сите патнички летови од Велика Британија, каде што циркулира новооткриениот вид.

“Нов мутиран вид на вирус корона циркулира во Велика Британија. Тој се движи и се шири побрзо и полесно и е потешко да се открие”, соопшти холандското Министерство за здравство.

Забраната од 6:00 часот утрово до 1 јануари следеше неколку часа откако Британија воведе построги мерки на ограничување и контрола на движењето за делови од земјата со цел да се забави циркулацијата на новиот вирус.

Холандската агенција за јавно здравје РИВМ препорачува „секое можно воведување на овој вид на вирус од Велика Британија да биде ограничено колку што е можно со ограничување  или контролирање на движењето на патниците“.

Министерството за здравство на Холандија објави дека во почетокот на декември, при анализата на студијата на случајот, откриена е инфекција со варијанта на вирусот што е опишана во Велика Британија. Експертите сега разгледуваат како се случила инфекцијата и дали има уште случаи.

blic.sr

foto-vjesti.me