МВР: 66 возачи возеле под дејство на алхохол – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/20 9:59 AM

МВР: 66 возачи возеле под дејство на алхохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден  спроведе акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување и возење под дејство на алкохол, прекршоци кои се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.

На територијата на целата држава санкционирани се 139 возачи за непрописно престигнување, а 66 возачи затоа што возеле под дејство на алкохол. Санкционирани се и 418 други прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.