Објавени се списоците со имињата на лицата кои добиваат државна помош од 6000 денари. На интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk на самиот почеток може да се пребарува со впишување на Единствениот матичен број, додека во делот листа на корисници, објавени се сите имиња на граѓани кои ги исполнуваат условите за добивање на државата помош.
Доколку ве нема на листата, постои опција на страницата каде веднаш можете да поднесете приговор. Рокот за приговори истекува во понеделник на 21.12.2020 година.