Од понеделник почнува исплатата по 30.000 денари за здравствените работници во Клиничката болница – Штип, кои изминатите месеци работеа со ковид пацинети. Префрлени се средствата на сметката на болницата, потврди директорот Ален Ѓеоргиејев.
Бонус ќе добијат сите вработени на инфективното одделение, како и докторите, медицинските сестри, помошниот персонал од другите одделенија, кои помагаа ротирајќи на дежурства, односно сите кои работеле со ковид пацинети.
Од неодамна се ставени во функција уште шест кревети со интензивна нега за најтешките случаи со ковид на интензинвна нега, додека веќе два месеци кожното одделение е ослободено за овие пацинети.