Диего Коста: Суарез не постигнуваше голови, се вратив јас и постигна два – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/20 8:34 PM

Диего Коста: Суарез не постигнуваше голови, се вратив јас и постигна два

Атлетико Мадрид попладнево го порази новајлијата Елче на „Ванда Метрополитано“ со 3:1 и успеа да се консолидира после поразот во мадридското дерби против соседот Реал.

Суарез во 41-та минута го отвори резултатот по асистенцијата на Киеран Трипие, а на стартот на вториот дел Уругваецот го удвои водството на „јорганџиите“. Лукас Боје во 64-тата минута накратко им даде надеж на гостите дека можеби ќе извлечат бодови од тешкото гостување, но во 80-тата минута поранешниот играч на Челзи, Диего Коста, од белата точка го постави конечниот скор на семафорот.

Токму Диего Коста во негов препознатлив стил, по завршувањето на дуелот зборуваше за медиумите и ги сподели импресиите од двобојот, осврнувајќи се на колегата од нападот, Луис Суарез.

-Луис Суарез не постигнуваше голови. К*пиле! Се вратив јас и постигна два. Искрено се надевам дека ќе продолжи така. Среќен сум за него, што повеќе голови постигнува, тоа е подобро за тимот. Јас ќе продолжам да се борам. Тој се појави, постигна два гола, јас се појавив и постигнав еден, изјави Коста за „Моvistar“.

Атлетико се наоѓа на првата позиција на табелата со освоени 29 бода.

 

 

 

Фото:

irishtimes.com