Ураганот Јаса на Фуџи одзеде два живота – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/20 12:02 AM

Ураганот Јаса на Фуџи одзеде два живота

Д ве лица загинаа, а стотици куќи се унишени од ураганот Јаса кој ја погоди државата Фиџи, Океанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Дваесет илјади лица се евакуирани од своите домови поради ураганот што го погоди Вануа Леву, вториот по големина остров во земјата.

Директорот на Националната управа за непогоди на Фиџи, Васити Соко, изјави дека ураганот, кој достигна брзина од 345 километри на час, пристигнал на островот Вануа Леву во текот на ноќта, продолжувајќи кон малите острови во југоисточниот дел на Фиџи.

Соопштувајќи дека ураганот одзел два живота, Соко рече дека стотици куќи се уништени, додавајќи дека предвидуваат материјална штета од стотици милиони долари.

Од друга страна, најстрашниот ураган во историјата на земјата, не зафати толку широка површина како што се стравуваше. Ураганот што го погоди островот Вануа Леву, вториот по големина остров во земјата, ги заобиколи главниот град Сува и најголемиот остров во земјата, Вити Леву.

Претставниците на власта предупредија на можни поплави и бури поради ураган, додавајќи дека е искачено нивото на реката Рева во близина на главниот град Сува и дека врнежите од дожд продолжуваат со повремени прекини. Покрај тоа, дадено е предупредување дека ураганот ќе предизвика ветрови со брзина до 250 километри на час.

Во земјата со популација од 930.000 жители, сместена во регионот меѓу Нов Зеланд и Хаваи во Тихиот Океан, воведен е полициски час поради ураганот.