Аргентинскиот стратег на клупата на Лидс, познат е по неговата пасија и страст кон фудбалската игра и оттаму и произлегува неговиот надимак „Ел Локо“. Без разлика на неговиот резултатски успех во тимовите кои ги предводел низ неговата кариера, Атлетик Билбао, Олимпик Марсеј, Чиле, Марсело Биелса оставал своевиден тренерски печат.
Биелса во моментов седи на тренерското столче на „Еланд Роуд“ и со клубот кој по 17 години се врати во Премиер Лигата, игра одличен фудбал и „добро им се држи“ на големците во елитата.
Во пресрет на традиционалното дерби против Манчестер Јунајтед викендов, Аргентинецот директно зборуваше за самиот дуел и колку победа против таков опонент би значела за фановите на Лидс.
-Фудбалот е идентификација. Можеш да се идентификуваш кога имаш ваков опонент. Комуникациската врска се засилува и расте во овие натпревари. Навивачот ќе рече „јас сум на оваа страна и таа страна е претставена од овој грб и неговата историја“. Многу е важно да се има голем и тежок противник, изјави Биелса.
Против Челзи, во првото традиционално и омразено дерби на Лидс Јунајтед, момците на Биелса на „Стемфорд Бриџ“ загубија со 3:1.
Фото:
besoccer.com