Побарала помош на Фејсбук за болницата, стигна на тони, реки луѓе и возила го блокираа сообраќајот во Задар – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/20 5:18 PM

Побарала помош на Фејсбук за болницата, стигна на тони, реки луѓе и возила го блокираа сообраќајот во Задар

Кога Мартина Шушиќ, вработена во лабораторијата во психијатриската болница „Угљан“ во Задар, Хрватска, пред десетина дена преку една Фејсбук-група упатила апел за помош во облека и обувки за своите пациенти, ни на крај памет ни и’ било дека тоа ќе предизвика хуманитарна експлозија, дека има толку многу хумани луѓе и установи и оти од тоните помош и „реките“ народ и возила вчера во 16.30 часот ќе се блокира сообраќајот, пишува „Задарски.хр“ (фото: Јуре Мишковиќ, Cropix).

Од среќа, од шок, од љубов што ја чувствуваше кон секој човек што донирал колку што може, Мартина сликата ја проследи со солзи.

„Немам зборови.  Ова е нешто неверојатно …  Ова само покажа колку емпатија имаме и како можеме да си помогнеме едни за други кога ни’ е најпотребно“, кратко прокоментирала организаторката на оваа досега невидена хуманитарна акција.

Помош пристигнала од секаде – Далмација, Хрватска, Австрија, Германија, Италија… Директорот на болницата денес се заблагодари, истакнувајќи дека биле на „слатки маки“ зашто добиле и „вишок помош“, па дел ќе пренасочеле кон други установи на кои им е потребна.