Најдобриот извор на брачни совети се адвокатите за развод. Тие секојдневно се соочуваат со односот на брачните другари и добри ги познаваат причините за брачните бродоломи. Со оглед на тоа дека повеќето луѓе стапуваат во брак од љубов, вистинска штета е да се занемари тој однос.
За тоа како да се зачува бракот постојат повеќе совети од професионалците:
Клучот е во толеранцијата
Не влегувајте во брак мислејќи дека ќе се промени однесувањето на партнерот кое ви создава нервоза. Како што стареат, така се зголемуваат каприците кај луѓето, па доколку не можете да ги толерирате на почетокот, нема да можете ни понатаму. Толеранцијата можеби не е романтична, но е неопходна во бракот – вели Мелиса Бушман.
Обидете се да верувате во доброто
За жал, кога повеќето парови минуваат низ развод ја гледам истата работа. На својот партнер му ги припишуваат најлошите можни мотиви за секој потег или однесување. Што ги чини да претпостават нешто добро? Дури и да не се во право, тоа може да биде почеток на еден подобар однос – Рандал Кеслер.
Не чекајте до последен момент за да го поправите бракот
Работете на својот брак уште додека тој е добар, бидејќи потоа може да биде предоцна, а штетата огромна. Во тој случај се губат довербата, надежта и желбата. Тоа не значи дека треба да одите кај брачен советник, туку може да одите на ручек во ресторан, да смислите некој заеднички ритуал како вечерно пиење чај и слично – Карла Шиф Донели.
Љубовта се сведува на малите нешта
За бракот е потребно труд, но добриот брак вреди за тоа. Убавите зборови, нежните допири, поддршката, насмевката…сите овие работи ја одржуваат љубовта во живот – Натали Грег.
Комуникацијата е темел на секој здрав однос
Штом ќе влезат во мојата канцеларија барајќи развој, како причина ги наведуваат финансиите, сексот или оддалечувањето. Вистината е дека ниту едно од ова не е причината. Тоа секогаш е лошата комуникација, а доколку луѓето не разговараат за своите чувства, тогаш ќе има и помалку адвокати за развод – Фред Силберберг.
Бракот не станува полесен од втор или трет обид
Штом клиентот ќе каже „уморен сум од трошењето, пиењето или однесувањето на партнерот, велам дека бракот секогаш подразбира работа. Доколку не сакате да работите на односот, не мажете/женете се. Знаете, праксата покажало дека доколку се обидете по втор или трет пат, работите ќе станат уште полоши.
Фото: Pixabay
Извор: stil.kurir.rs