За шеќерот најчесто се зборува од негативен аспект, но тој всушност делува како гориво за мозокот. Нашиот мозок работи на глукоза – таа ги пали нашите станици, вклучувајќи ги и мозочните. Еволуциски сме програмирани да сакаме слатки работи, бидејќи тие се прекрасен извор на енергија. А кога нивото на глукоза во крвта е ниско, доаѓа до „мозочна магла“. Во ваква ситуација тешко се концентрирате, заборавате каде сте ги оставиле работите и слично.
Меѓутоа кога во организмот има премногу шеќер, тоа може да предизвика лоши работи во вашиот мозок.
Што се случува во вашиот мозок кога јадете шеќер?
„Кога шеќерот ќе ни го допре јазикот, се испраќаат одредени сигнали до мозокот“, вели Никол Авена, професорка на Медицинскиот факултет во Монт Синај.
Во една таква ситуација се ослободува допамин, поради што сакаме да го повториме искуството, односно да изедеме уште неколку слатки работи.
Шеќерот е ретка храна што произведува допамин
„Кога јадеме нешто ново и вкусно, допаминот се ослободува за првпат. Ова е еволуциска предност која ни помага да обрнеме внимание на нови и поразлични вкусови. Доколку изедеме нешто ново и не се разболиме, вообичаено допаминскиот одговор исчезнува следниот пат, па во основа ослободуваме допамин само како одговор на јадењето нова храна.
Меѓутоа шеќерот е поразличен. Тоа е повеќе како она што се случува со дрогата, при што допаминот се ослободува секогаш кога се конзумира. Значи, шеќерот во нашиот состав малку се однесува и како дрога, поради што луѓето се навлекуваат на слатката храна“, објаснува професорката.
Нашиот свет е преполн со ваква храна, но мозокот и понатаму функционира како шеќерот да е реткост.
Можеби не сте свесни дека постои цврста врска меѓу нашите црева и мозокот, а шеќерот и овде си има своја улога.
Кога таа слатка работа што ја јадете доаѓа во цревата, таа и таму активира рецептори кои му сигнализираат на мозокот да ослободи инзулин за да се ослободи од вишокот шеќер што сте го изеле.
Тој претставува хормон што учествува во регулацијата на шеќерот во крвта. Кога јадете нешто слатко односно благо, во крвотокот остануваат малку калории па мозокот мисли дека сега има малку гориво, што значи дека чувството за глад брзо расте, а шеќерот тогаш е привлечен бидејќи може потребната доза енергија да ја обезбеди набрзина. Значи, циклусот почнува повторно и на овој начин, се’ повеќе и повеќе сакате благо.
Извор: index.hr