Музичката група Харикејн (Hurricane) ќе ја претставува Србија на Евровизија идната година. Манифестацијата ќе се одржува од 18 до 22 мај во Ротердам, а песната со која ќе се натпреварува оваа женска група дополнително ќе биде избрана.
Српскиот јавен сервис информира дека во претстојниот период ќе ги разгледа композициите што ќе влезат во потесниот избор, а потоа во специјалното шоу на Првата програма, публиката ќе гласа за победничката песна. Правилата не дозволуваат регистрација на истата песна како минатата година, или во случајов „Аста ла виста“.
Инаку, Холандија подготви четири потенцијални сценарија за Евровизија. Доколку вакцината против коронавирусот стане достапна за сите, натпреварувањето ќе се одржи со присуство на сите земји учеснички, но и со публика во арената.
Второто сценарио подразбира целосно шоу, но со одржување физичка дистанца од над еден метар и намален број учесници во случувањето. Доколку некои претставници не можат да дојдат во Холандија поради забрана за патување, тие би го одржале својот настап со директен пренос од матичната земја.
Последната опција предвидува дека Евровизија ќе се одржи во Ротердам, додека сите учесници ќе пеат од своите држави.
Фото: hurricane_official
Извор: novosti.rs