Универзитетот во Тетово на денешната свечена академија му ја додели титулата Doctor Honoris Causа на Али Ахмети, претседателот на политичката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ). Одлуката на Универзитетот за доделување на титулата e донесена поради личниот ангажман на Али Ахмети за општествено-политичките промени во земјата.
-Ахмети е заслужен поради повеќе негови ангажмани како што се промена на правниот и политичкиот статус на Албанците во Северна Македонија, вклучително и уставни измени во согласност со Охридскиот договор, територијалната организација и децентрализација, фер и соодветна застапеност на Албанците во државните институции, вработување на над 20 илјади административци во сите државни институции, официјализирање на албанскиот јазик и албанското национално знаме, формализирање на Државниот универзитет во Тетово, формирање универзитет „Мајка Тереза” во Скопје и друго, истакна во рефератот по повод прогласувањето, професорот Шаип Шеху.
Али Ахмети истакна дека и понатаму ќе се залага за унапредување на општествените состојби и образованието.
–Не дојдов со подготвен говор. Мислев дека е подобро да се вратиме во спомените и да ги спомнеме сите кои придонеле за напредокот на образованието. Дојдов да ви ветам дека и понатаму ќе работам за подобрување на албанското образование, за подигање на вредноста на образованието, инфрастуктурата и условите на универзитетот. Затоа што само така можеме да бидеме конкуретни и да одиме напред.Темелите се поставени сега треба само да со знаење да бидеме конкурентни на сите полиња, истакна Али Ахмети.
Ректорот Вулнет Ахмети истака дека во изминатите 26 години многу труд е вложен за Унивезритетот.
–Годишнините ни помагаат да се вратиме во минатото време и да ја запомниме нашата историја. Историите на основањето на Универзитетите во светот, се рзлични и секако не се толку специфични како основањето на УТ, кој беше создаден од народот. Во текот на изминатите 26 години на е вложен многу труд. Оваа високообразовна институција денес да биде современа, рече Вулнет Ахмети.
На свеченоста се обратија и претседателот на Собранието Талат Џафери и вицепремиерот Артан Груби.