Нова „Божиќна песна“ од Влатко Илиевски за убав крај на годината – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/20 2:29 PM

Нова „Божиќна песна“ од Влатко Илиевски за убав крај на годината

Овој празничен период секогаш не’ навраќа со мисли на најубавите моменти кои сме ги имале со нашите омилени личности, а една од омилените личности на македонската нација дефинитивно беше прерано заминатиот Влатко Илиевски.

Влатко не’ напушти во 2018 година, но неговата музика е сѐ уште овде да сведочи за прекрасниот глас и неговата убава енергија, но и да не потсети на прекрасната појава со која не шармираше сите без исклучок.

Овој пат неговиот глас го слушаме во досега необјавена песна „Божиќна песна“, која покрај нашиот Влатко ја пејат членовите на хорот „Златно Славејче“.

„Божиќна песна“ е стара детска песничка, чија музика и аранжман се на Кире Костов, текстот е напишан од Љупчо Јакимовски, а новата верзија е снимена во студиото „Торус“ на Александар Митевски.

Поубав музички подарок од ова не можевме да добиеме, Влатче само физички не е присутен меѓу нас, но со духот и убавиот глас со сигурност ќе го славиме сите преку новата песна која ќе ни биде хит за со убаво да си ја испратиме оваа мачна година.

Како звучи Влатко покрај хорот „Златно Славејче“, слушнете во прилог.