Кривичниот суд и за време на летните одмори ќе работи на итни и на притворски предмети – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/18 11:05 AM

Кривичниот суд и за време на летните одмори ќе работи на итни и на притворски предмети

Кривичниот суд во Скопје и за време на судската ферија, од 15 јули до 15 август, ќе работи на итни и на притворски предмети – велат за Македонската информативна агенција од Судот.

Оттаму посочуваат дека судиите и вработените во овој суд користат годишни одмори според претходно направен распоред. Во контекст на тоа додаваат дека судската ферија не значи оти во овој период Кривичен суд воопшто не работи.

– За време на годишните одмори во Судот секогаш има дежурен судија на претходна постапка и дежурен кривичен совет, а работат и останатите служби за издавање уверенија – посочуваат од Кривичен.

За итни предмети се сметаат случаите во кои се инволвирани странски државјани, како и предмети за кои обвинителствата можат да побараат неодложно спроведување на постапката.