Луди ситуации после кои луѓето добиле отказ од работа: „Одев со шефот“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/20 11:57 PM

Луди ситуации после кои луѓето добиле отказ од работа: „Одев со шефот“

Корисниците на Твитер раскажаа за ситуацијата по која дознале дека се отпуштени од работа. Нивните необични искуства ви ги пренесуваме во продолжение:

1997 година, доаѓам на работа. Шефот ме праша: „дали во твојот здив се чувствува виски“?
Јас: „Молам? Не“.
Шефот: „Јас чувствувам виски“.
Јас: „Тоа е вотка, ти некултурно свињо“!

-Рекоа дека можеме да донесеме дополнителна канцелариска опрема од дома, а јас донесов ќебе и перница.

-Почнав да се забавувам со својот шеф.

-Бев на одмор со семејството за кое работев како дадилка. Детето сакаше да си игра со мене, наместо со својата мајка.

-Многу пристојно и смирено ѝ реков на колешката да замолчи за да можам да си ја завршам својата работа.

-Еден член на тимот повраќаше. Директорот ме повика во својата канцеларија и ми кажа да не го праќам дома, бидејќи тој нема да плаќа боледување. Излегов од канцеларијата и го пратив колегата дома.

-Го видоа мојот профил на Твитер.

-Пратив електронска порака дека мора да купиме повеќе лиценци за софтверот кој никој не го видел два дена. Потоа целиот софтвер почна да паѓа, а јас добив отказ бидејќи не сум ги обновил дозволите.

-Јас не работам прекувремено, особено не на својот роденден.

 

Извор:  index.hr