(Видео) Гозба со морски риби во Зоолошка – Вечера во карантин за новите жители, пингвините – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/20 11:45 PM

(Видео) Гозба со морски риби во Зоолошка – Вечера во карантин за новите жители, пингвините

Со вечера од морски рипчиња, вработените во Зоолошката градина Скопје вечерва ги нагостија своите нови жители -пингвините. Тие пристигнаа од Италија со посебен превоз наменет за нив, односно адаптирано комбе со сите услови. Она што го вечераа денеска ќе биде нивна исхрана и во иднина – вели за ММС, портпаролката на ЗОО Скопје, Тина Мицковска.

„Пингивините веќе убаво се прилагодуваат, имаат топли простории и базенче. Нашите зоо негуватели останаа до доцна вечерва со нив за поубаво да се запознаат“, ни изјави Тина додавајќи дека овие животни ќе бидат во карантин за да се приспособат на новото живеалиште полесно.

„Пингивините веќе убаво се прилагодуваат, имаат топли простории и базенче. Нашите зоо негуватели останаа до доцна вечерва со нив за поубаво да се запознаат. Карантинот, кога пристигнува животно од странство, трае од 15 дена до еден месец. Инаку веќе се следи нивната состојба, се прават ветеринарни прегледи, медицински тренинзи и адаптација на новото живеалиште“, објасни таа.

Новите членови на зоо-семејството ќе живеат во современо живеалите со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен.

Вања Мицевска

Конечно вечерва во Скопје Зоо пристигнаа и пингвините 🐧🐧🐧
Тие пополека се адаптираат во својот нов дом и ја добија…

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Wednesday, December 16, 2020