Заборавете на мобилните додека возите, камери снимаат се’ – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/20 7:28 PM

Заборавете на мобилните додека возите, камери снимаат се’

За време на тестот, за само шест часа, две камери снимија повеќе од 400 возачи кои користеа мобилен телефон додека возат, што е доволно за казни од повеќе од 100.000 евра. Ова се случи на холандски автопат. Камерите се толку прецизни, па од уплатите за казните сигурно ќе биде задоволен холандскиот министер за финансии, пишува ревијата ХАК, а пренесува „Пословни.хр“ (фото Pixsell).

Oд почетокот на годинава биле казнети повеќе од 120.000 возачи што користеле мобилен додека се зад воланот. Тоа се казни изречени со класичниот метод на полициски надзор. Сега со новите камери потенцијалот за ловење возачи што разговараат на мобилен додека возат е многу поголем.