„Бразилскиот Роналдо ли е, Џејмс Харден ли е?“, отприлика во оваа насока се движеа коментарите на социјалните мрежи синоќа за физичкиот изглед на ѕвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден.
Неизвесната судбина на еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, по сите изгледи лошо се одразува врз поранешниот кошаркар на Оклахома Тандерс, кој во пресрет на новата сезона во најквалитетното светско кошаркарско натпреварување е непрепознатлив.
Харден на вчерашниот предсезонски меч против Сан Антонио Спарс се врати во тимот и постигна 12 поени, но она што остана во окото на гледачот не е неговата потпросечна партија за негови стандарди, туку физичкиот изглед и неговата прекумерна тежина.
Фокусот на подготовки за кампањата 2020/21 со сигурност не бил приоритет за Харден, додека фановите се прашуваат како е можно кошаркар и атлета од негов калибар да си дозволи такво нешто.
Фото:
cbssports.com