Французинката, Леа Лави која пред пет дена го прославила својот сто и петти роденден, а живее во дом за пензионери на Алпите, успеала да се избори со ковид-19. Информацијата за медиумите ја потврдил директорот на институцијата, откако претходно веста била објавена во локалниот весник Le Dauphiné Libéré.
Нејзиниот роденден го одбележавме соодветно на околностите во друштво на нејзината поќерка – изјавил директорот на домот, Стефан Ричард.
„Претседателот на управата на домот, на нашата корисничка, заедно со нејзината поќерка и неколку негувателки, и’ врачи букет цвеќе. Сите имавме заштитни маски и немаше никакви колачи, во согласност со рестриктивните мерки“, додал директорот.
-Морам да признаам дека малку се уплашив кога се разболев – изјавила старицата за локалните медиуми, додавајќи дека во домот е сместена неодамна.
Имено, вториот бран ковид-19, тешко го погодил домот во кој Леа живее последните неколку месеци.
Се заразија 109 од вкупно 185 корисници или речиси 60 проценти, а дури 33 за жал, починаа како последца на болеста“, објаснил Стефан Ричард.
Фото: Илустрација / freepik.com
Извор: index.hr