Она што се наоѓа во нашата чинија, одредува и колку здрава ќе ни биде кожата. Од ова зависи и колку младо ќе изгледате, но и каков ќе ви биде тенот. Генетиката и некои други фактори на кои не можеме да влијаеме играат важна улога, но важни се и малите промени во исхраната која треба да биде умерена – вели нутриционистката, Дијана Радетиќ.
Пред да се одлучите за некои инвазивни естетски третмани, воведете промени во вашата исхрана и кожата ќе ви изгледа поздраво.
Ореви
Оревите се богати со есенцијални масни киселини (омега 3 и 6), цинк, со витамините Е и Ц, со селен, но и со протеини. Оревите би можеле да ги вметнете во вашата омилена каша, или да ги јадете за ужина.
Бразилски ореви против акни
Акните се резултат на воспаление и инфекција на лојните жлезди, а намирниците кои треба да ги намалите или целосно да ги исфрлите за да се справите со нив, се оние кои влегуваат во преработената или брзата храна, како и производите што се преполни со додадени шеќери. Кога нивото на глукоза во крвта нагло се зголемува, доаѓа до ослободување на преголеми количини инсулин што може да ја зголеми активноста во лојните жлезди. Поради ова, во секојдневната исхрана би требало да вметнете повеќе овошје и зеленчук, интегрални житарки, риба, но и други намирници богати со селен, меѓу кои е и бразилскиот орев – наведува Дијана Радетиќ.
Сончогледово семе
Семињата се одлични за кожата. Конкретно, сончогледовото семе го содржи витаминот Е како важен антиоксидант со благотворно дејство на кожата. Доволно е една лажичка семе да додадете во вашата омилена салата.
Пиперки
Пиперката содржи витамин Ц и бетакаротен, поради што таа често треба да биде дел од вашето дневно мени. Витаминот Ц е важен за колагенот, кој пак е клучен за одржување на добрата структура на кожата. Пиперката може да ја јадете со секој оброк – додава Дијана.
Црна чоколада
Какаото содржи антиоксиданти кои го спречуваат создавањето изгореници од сонце. Овие антиоксиданти исто така имаат позитивно влијание на брчките, компактноста и текстурата на кожата, нејзината влажност, но и на циркулацијата воопшто.
Домати
Доматот е важен извор на витаминот Ц и на каротеноидот ликопен, кој го одложува создавањето на брчките.
Извор: informer.rs