Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар кој изби во дом за стари лица во Русија, пренесува Анадолија (АА).
Министерството за вонредни состојби на Русија соопшти дека пожарот избувнал во дом за стари лица во местото Исбулдино, во руската Башкирска република.
Станува збор за еднокатна зграда во која престојувале вкупно 16 лица, а три повредени лица се згрижени во болница.
Пожарникарите го ставија пожарот под контрола, а во тек е истрагата за причините за несреќата.
Локални извори јавуваат дека станбениот објект немал лиценца за дом за стари лица.