Секој ден ќе пукаат по 2000 гранати на Криволак – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/20 4:21 PM

Секој ден ќе пукаат по 2000 гранати на Криволак

По над 1000 килограми експлозив од грантите од Првата Светска војн, пронајдени кај Битола ќе се уништува секој ден на полигонот Битола. Р’госаните гранати ќе се активираат во дупки за уништивање на мини тнр. фугаси, каде дневно се планира да се уништуваат меѓу  1900 и 2000 гранати.

Министерството за одбрана пред уништувањето на гранатите, побарало прелиминарна проценка на емисиите на суспендирани честички од детонирање на експлозии, од лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот Гоце Делчев од Штип.

Во анализата стои дека „дневно ќе се уништува 1050 kg експлозив (заедно со иницијаторското полнење), што резултира со очекувана емисија на околу 98 kg суспендирани цврсти честички. За споредба, согорувањето на околу 10 m3 огревно дрво во класични ложишта, резултира со вкупна емисија на околу 100 kg суспендирани цврсти честички, што е количина на огревно дрво која се согорува на дневно ниво, во населба не поголема од стотина куќи кои се загреваат со овој енергенс. Следствено, вкупната емисија на суспендирани цврсти честички од процесот на уништување на сите експлозивни средства во текот на наредните два месеци (околу 586 kg), е нешто помала од емисијата која се добива од согорување на 60 m3 дрва, количина која во една грејна сезона се користи за загревање на не повеќе од десетина домаќинства“, пишува во анализата на АМБИКОМ предводена од проф. д-р Дејан Мираковски.

Уништувањето на гранатите го врши Министерство за одбрана е на барање на Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за одбрана се согласи да асистира и пронајдените 12700 парчиња бомби од Првата светска војна, да бидат уништени на полигонот Криволак. Уништувањето ќе се врши постапно во четири термини овој месец (на 15, 18, 22 и 23 декември) и уште неколку термини во јануари 2021 година.