Довчерашниот кошаркар на грчки Олимпијакос, деветнаесетгодишниот Алексеј Покушевски, беше избран на овогодинешниот НБА драфт како 17-ти играч од страна на Минесота Тимберволвс и инстантно трејдан во Оклахома Сити Тандер.
Српското крило не можеше да ја сокрие возбудата од приликата да заигра помеѓу најдобрите светски кошаркари, но како што вели тој самиот, иако НБА лигата е ниво погоре од останатите, во суштина кошарката е идентична.
-Нивото е многу повисоко, но во суштина е идентично. Овде сум сам во моментов, ама имам искуство во врска со тоа. Само треба да се слушаат сите што ти кажуваат. Слушај, слушај, слушај, слушај и ќе биде сè во ред, изјави младиот Покушевски за „Oklahoman“ по дебито во предсезоната против Сан Антонио Спарс
Тој мечот го заврши со 14 поени, две асистенции и осум скокови во своето НБА деби
Фото:
forbes.com