Судот во Јапонија денеска осуди на смрт маж кој уби девет лица откако ги контактираше на социјалната мрежа Твитер.
30-годишниот Такахиро Шираиши, познат во јавноста како „Твитер убиец“, беше уапсен во 2017 година откако во неговиот стан беа пронајдени делови од телото за време на потрага по 23-годишна девојка од Токио, за која подоцна се покажа дека е една од жртвите.
Тој признал дека ги убил и распарчил своите жртви, осум млади жени и еден маж што ги запознал преку онлајн платформа.
Според јапонските медиуми, убиецот намамил во својот стан луѓе кои претходно пишувале за самоубиствени мисли на Твитер.
Поради случајот, кој ја вознемири јавноста во Јапонија, властите ветија дека ќе ја подобрат поддршката за младите на кои им е потребна помош, пишуват медиумите.
foto-time.mk