„Боко Харам“ киднапирал повеќе од 300 нигериски ученици – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/20 9:00 AM

„Боко Харам“ киднапирал повеќе од 300 нигериски ученици

Радикалната муслиманска терористичка организација „Боко Харам“, ја презема одговорноста за киднапирањето на повеќе од 300 ученици во северозападниот дел од Нигерија, пренесува „AFP“.

Во доцните часови во петокот изминатата недела, терористите наоружани со „калашникови“ влегле во средното училиште за политички науки во Канкара и ги грабнале учениците.

Полицијата веднаш реагирала и со тоа им овозможила на останатите ученици да го напуштат објектот и да избегаат од напаѓачите. Училиштето го посетувале околу 600 ученици, а 200 од нив се пронајдени после нападот.

Од нигериската Влада известија дека напорите и активностите за спасување се во тек.

 

 

 

Фото:

theglobalobservatory.org