Намирници за опуштање на организмот и намалување на стресот – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/18 10:31 AM

Намирници за опуштање на организмот и намалување на стресот

Помеѓу работните, но и домашните обврски се прашувате ли некогаш каков стил на живот водите? Нередовниот распоред на спиење и извршување на низа обврски предизвикува зголемување на нивото на стрес. Сепак, постојат намирници со чија помош ќе се опуштите и кои ќе ви помогнат да го намалите стресот.

Чоколадо
Не постои нешто толку вкусно како чоколадо. Самата помисла на чоколадо во комбинација со добра книга го намалува нивото на стрес. Неодамнешно истражување покажува дека секојдневното консумирање во период од две недели го намалува хормонот на стрес. Чоколадото го поттикнува ослободувањето на серотинот кој е природен антидепресив.

Кашкавал
Кашкавалот е намирница која може да се комбинира со речиси кое било јадење. Иако е познато дека содржи масти, тој сепак е корисен за ослободување на стресот.

Боровница
Иако се мали, боровниците се совршена комбинација на витаминот Ц и антиоксидансите кои помагаат во балансирањето со стресот. Антиоксидансите во боровниците исто така, штитат д рак и од срцеви заболувања. Може да ги консумирате свежи или пак како сок, односно компот.

Бадеми
Бадемите се богати со витамините Б2 и Е, но и со цинк и магнезиум. Тие содржат серотин кој помага во балансирање на расположението и стресот. Цинкот се покажал како добар во борбата против негативни ефекти на стресот, а витаминот Е е антиоксиданс кој го подобрува имунитетот. Бадемите го намалуваат крвниот притисок и на тој начин со нивна помош се контролира стресот.

Риба
Омега -3 масните киселини во рибата помагаат да се контролира не само стресот, туку и адреналинот. Лососот и туната може да спречат зголемување на нивото на стрес, а исто така штитат и од срцеви заболувања, промени во расположението и депресија.