Жена во Австралија паднала од карпа откако се обидела да направи самослик. Триесет и осумгодишната, Рози во моментот на несреќата била со сопругот и детето во национален парк во австралиската сојузна држава Викторија.
Полицијата информира дека таа се искачиле преку сигурносната бариера и го игнорирала предупредувањето, по што паднала од карпата, односно од 80 метри височина. Сведоците слушнале како таа вика, но сепак не можеле да и’ помогнат, а телото е извлечено по шест часа полициска акција.
Локалниот туристички водич, Грам Вуд изјавил дека ги предупредил патниците, само половина час пред жената да падне. Инаку, се работи за популарно место за правење фотографии и на Инстаграм може да се најдат бројни фотографии на карпата.
По несреќата, властите ја потсетиле јавноста да ги почитува сигурносните знаци, затоа што една фотографија не е вредна за човечкиот живот.
„Треба да бидеме одговорни”, изјавила министерката за полиција, Лиза Невил.
Извор: index.hr