Нова мутација на корона, која е позаразна се шири во Англија – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/20 7:27 PM

Нова мутација на корона, која е позаразна се шири во Англија

Во Велика Британија е идентификувана нова варијанта на вирусот корона, за која се верува дека предизвикала побрзо ширење на инфекцијата на југоистокот на земјата, изјави министерот за здравство Мет Хенкок, пренесува Sky news.

– Овој вид може да биде позаразен од претходните видови на коронавирус – истакна Ханкок.

Според него, многу е веројатно дека вакцината ќе го победи овој вид на вирус и дека мутацијата на вирусот нема да предизвика поголема смртност од претходните мутации.

„Можно е новата мутација да биде виновна за ненадејниот пораст на позитивните коронавируси во Лондон и на југо-истокот на Англија“, рече Ханкок.

Првичната анализа сугерира дека новата мутација на вирусот корона се шири побрзо отколку порано.

„Досега идентификувавме повеќе од 1.000 случаи, претежно во јужниот дел на Англија, но има луѓе кои се позитивни на новиот вид коронавирус во повеќе од 60 области во Велика Британија“, рече Ханкок.

Извор: espreso.rs