Се’ е неважно бидејќи него веќе го нема. Кога ќе ми заврши болката и ќе се исплачам по тато, ќе размислам за кариерата како пејачка. Знам дека тој тоа би го сакал, но во моментот мислите не ми се насочени кон таа страна – вели Марија Рамадановски, откако по смрта на татко и’, пејачот Џе,ј во јавноста проструи информацијата за тоа дека таа наскоро би можела да тргне по неговите стапки.
Марија Рамадановски, помалата ќерка на легендарниот Џеј, го наследи талентот за пеење од својот татко од кој, како што и самата истакна во неколку наврати, имала безрезервна поддршка. Таман кога помислила да почне активно да се занимава со музика, стигнала тажната вест дека Џеј веќе го нема.
Само две недели претходно Џеј гостуваше со својата наследничка во емисијата Балканска улица каде заедно го отпеаја хитот Славија.
Марија ги сакала музиката и пеењето од својот татко и тоа уште од мали нозе, но сепак со текот на годините одлучи да се занимава со друга работа. Во изјава за Nova.rs открива дека сакала да заплови во музичките води кога ќе стивне ситуацијата со вирусот, но сепак смета дека тоа треба малку да почека.
Извор: nova.rs