Мими е првото куче од прифатилиштето на ЈП „Лајка“, кое си го најде својот дом. Вистински љубител на кучиња си го пронајде својот иден миленик и веќе ја запозна Мими со своето идно семејство.
По згрижувањето во прифатилиштето на „Лајка“, кучето Мими уредно ги помина сите третмани: крвно испитување, негативен тест на лишманија по акредитирана метода, негативен 4D тест, стерилизација, вакциниција од беснило и заразни болести.
Благодарение на негувателите и нивната неизмерна посветеност во прифатилиштето на ЈП „Лајка“, Мими се стекна со хигиенски навики и одличнo се сложува со другите кучиња.
Оваа слатка убавица мала по раст е само една од изборот на кучиња подготвени за вдомување во прифатилишето на ЈП Лајка, кои со нетрпение чекаат да го најдат својот иден вдомувач, соопштуваат од „Лајка“.