Ги прекинаа вестите за да кажат за нивната свадба- Каква беше венчавката на Брена и Боба пред 29 години – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/20 10:31 AM

Ги прекинаа вестите за да кажат за нивната свадба- Каква беше венчавката на Брена и Боба пред 29 години

Пејачката Лепа Брена и тенисерот Боба Живојиновиќ се венчаа пред 29 години, а пред неколку дена ја прославија годишницата од брак. На нивната венчавка имало околу 600 гости, а оваа прослава многумина ја нарекувале и „венчавка на деценијата“ поради што во тоа време бил прекинат „Дневникот“.

Младенците беа пресреќни и гласно и јасно го кажаа „судбоносно да“. После бракот, невестата го фрли бидермаерот, кој отиде во рацете на нејзината пријателка и помлада колешка – Драгана Мирковиќ.

Во тоа време, „Дневникот 2“ беше прекинат за да можат младенците директно да се вклучат на програмата.

Оваа свадба чинела 50.000 германски марки. Сепак, на таа голема организација се случил пех. Во салата каде требало да се одржи свадбената церемонија, пукнала цевка за вода само неколку часа пред настанот, па целата сценографија ја префрлиле во друга сала.

Венчаницата на Брена ја направила позната модна, додека младоженецот носел црн смокинг. Меѓу гостите немало политичари, но имало голем број гости од други сфери на јавниот живот.

Саша Поповиќ го водел главниот дел од програмата околу венчавката и на самиот почеток ги поканил сите присутни гости да го одиграат првото свадбено оро и да ја започнат големата веселба.

Ова беше гала свадба. Подготвени биле околу 650 видови јадења. Се служеле голем број коктели, а дури 22 прасиња биле испечени, а невестинската торта имаше пет ката.

Во тоа време се шпекулираше и дека една уметничка слика вредела колку половина од свадбата .

Извор: informer.rs