Николов: Штипјани продолжуваат да имаат отворен и безбеден европски град – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/20 10:00 PM

Николов: Штипјани продолжуваат да имаат отворен и безбеден европски град

„Посебно ми е драго да им се заблагодарам на моите сограѓани и сите во овој изборен ден, процес во оваа предизборна кампања за градоначалник на Штип, во време на оваа пандемија каде што повторно Штип и Штипјани покажаа демократија, општествена одговорност и дека Штип ќе продолжи по патот на Европа,  по патот во сигурни раце“, изјави новиот градоначалник на општина Штип, Сашко Николов.

Тој истакна дека граѓаните на Штип демонстрирале одговорност и европска политика, покрај сите опструкции што ги имале во врмето на предизборниот молк.

„Моите сограѓани денеска ми дадоа обврска која треба да ја преземам за да го исправам градот пред предизвиците што доаѓаат пред нас, тоа е рамноправност, грижа, тоа е потпора за секој еден граѓанин во оваа општина. Покрај сите опструкции на ВМРО ДПМНЕ, и ова анемично раководство на ВМРО ДПМНЕ со сите нивни подли и неквалитетни и безидејни опструкции немајаќи храброст да дадат против кандидат“, изјави Николов.

Николов, порача дека Штип продолжува во сигурни раце, по демократскиот пат и штипјани продолжуваат да имаат „отворен и безбеден европски град, за кој сите ние заедно и сплотено ќе работиме“.

Г.Д