ДУИ прогласи победа во Пласница со освоени 85% од гласовите – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/20 8:05 PM

ДУИ прогласи победа во Пласница со освоени 85% од гласовите

Избирачкиот штаб на ДУИ во Пласница објави дека нивниот кандидат Алија Јахоски освоил над 85% од гласовите. Во име на ДУИ, Крешник Бектши рече дека ова е значајна победа, бидејќи е потврда на политиките на владејачката албанска партија.

-Оваа победа е знак и за претстојните Локални избори, следната година, на кои ДУИ очекува да победи во сите општини од Струга до Липково, рече Бектеши.

Кандидатот на ДУИ Алија Јахоски им се заблагодари на своите сограѓани и најва работа на две полиња.

-Ќе работам на инфраструктурата и на зголемување на вработувањето, пред се’ кај младите луѓе, а ни одат по европските земји, изјави Јахоски.

Алија Јахоски е сопственик на приватна фирма, инаку, брат на досегашниот градоначалник Исмаил Јахоски, кој стана пратеник во Собранието.

Државната изборна комисија објави дека до 18:30 часот во Пласница гласале 1959 граѓани односно 39,54%.