Надреална слика во вредност од 280.000 евра е пронајдена покрај контејнер за рециклирање хартија во Германија, се вели во полицискиот извештај.
Вредното уметничко дело е на францускиот сликар Иво Тангуј, а случајно го остави бизнисмен на аеродромот во Дизелдорф.
Сликата била спакувана во картонска кутија, а тој заборавил да ја земе пред летот за Тел Авив на крајот на минатиот месец, а кога сфатил дека ја нема, ja контактирал полицијата веднаш штом слетал.
Мистеријата за овој случај беше решена дури откако неговиот внук од Белгија пристигна во Дизелдорф и разговараше со полицијата. Инспекторот успеа да ја пронајде сликата покрај контејнерот за рециклирање што работниците го користат за чистење на аеродромот.
Surrealist painting worth $340,000 found in dumpster at German airport https://t.co/vqrk0FJQQk pic.twitter.com/7qdTvNlboC
— New York Post (@nypost) December 11, 2020
– Ова дефинитивно беше една од нашите најсреќни приказни оваа година. Тоа беше вистинска детективска работа – изјави портпаролот на полицијата Андре Хартвиг.
Преземено од: https://www.republika.rs/