Сакате посјајна коса, поубава кожа и поздрави нокти? Неопходни ви се неколку витамини! – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/20 10:11 PM

Сакате посјајна коса, поубава кожа и поздрави нокти? Неопходни ви се неколку витамини!

За нормално функционирање на организмот неопходни се низа витамини кои може да се внесат преку храната или како додаток на исхраната. Витамините ги регулираат сите процеси во телото, одговорни се за правилно функционирање на срцето, но и за убавината на кожата, косата и ноктите. За убавината и здравјето на една жена, важен е внесот на витамините, а особено внимание треба да се обрне на следните неколку витамини:

Витамин Б6

Едно од клучните својства на витаминот е тоа што го катализира производството на женскиот хормон естроген. Околу 30-та година од животот, неговото природно производство во телото забележливо се забавува, поради што кожата го губи тонот, еластичноста и природниот сјај и се појавуваат првите брчки. Покрај неговата способност да го стимулира природното производство на естроген, витаминот Б6 ја нормализира регенерацијата на клетките.

Витамин Ц

Аскорбинската киселина, не само што помага во зајакнување на имунолошкиот систем, туку исто така игра важна улога во одржувањето на убавината на кожата и косата. Витаминот Ц е природен антиоксиданс кој ги штити клетките од оштетување и го забавува процесот на стареење. Покрај тоа, го стимулира производството на главниот протеин на младоста – колагенот.

Витамин Е

Овој витамин растворлив во масти е неправедно занемарен, иако како природен антиоксиданс има бројни придобивки за кожата, вклучувајќи заштита од оштетување на слободните радикали, способност за борба против пигментацијата од ултравиолетовите зраци, а исто така го подобрува и тенот на кожата. Бидејќи витаминот Е е во состојба да ја задржи хидратацијата во горните слоеви на кожата, тој може да биде вистински спас за оние кои имаат сува кожа.

Витамин Д

Главната функција на овој витамин е одржување на здравјето на коските.Ја подобрува апсорпцијата на калциум, им помага на активните супстанции да навлезат во коскеното ткиво, што го прави посилно. Кон крајот на 90-тите, кога западната медицина се заинтересирала за проучување на менталните здравствени проблеми, стана јасно дека соодветното ниво на витамин Д во крвта обезбедува ефикасна превенција од депресија. Истражувањата директно го поврзуваат производството на хормонот на среќата серотонин со присуството на витамини во организмот.

 

Извор:  republika.rs