Руска лекарка бесплатно ги лечи Србите во Москва и веќе два пати се вакцинирала со Sputnik V – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/20 8:49 PM

Руска лекарка бесплатно ги лечи Србите во Москва и веќе два пати се вакцинирала со Sputnik V

Во екот на пандемијата со коронавирусот посакала да отиде во Србија и да им помагна зарзените пациенти. Во тоа била спречена од бирократските процедури, па одлучила на Србите бесплатно да им помага во Москва. Руската докторка, Александра Гусак која била на едукација во Србија каде и сака да се врати, во меѓувреме ја примила руската вакцина Sputnik V.

Докторката во изјава за РТС, раскажува дека нејзината клиника била една од трите во Москва во кои се вршеле клиничките истражувања, кои се’ уште траат. Првата доза од вакцината ја примила кон крајт на септември, а пoтоа за 21 ден ја примила и втората доза.

„Бев уморна ден-два, но немав температура. Некои колеги имаа чувство ако експресно да прележале ковид, за ден-два.  Од втората доза не почувствував ништо, како да сум пиела вода“, истакнува докторката за РТС. Александра работи со ковид пациенти, но оди и во куќни посети.

„Се надевам дека после вакцинацијата ќе се создаде имунитет, дека ќе биде подобро“, додава докторката.

Таа во Србија првпат пристигнала во 2014 година, како дел од студентска размена.

Бесплатно лечи Срби, ги советува преку Инстаграм

-Имам српска и руска лиценца, но само руски пасош. Беше проблем да дојдам бидејќи сум Русинка. Сега сум во контакт со амбасадата, кој било Србин во Москва кој нема соодветна документација и осигурување, може преку амбасадата да ми се обрати. Таму го имаат мојот контакт и јас тој пациент бесплатно ќе го прегледам. На Инстаграм имам профил Руски лекар, тука гледам резултати, советувам, одговарам на прашања – вели докторката за РТС.

Таа смета дека во Москва сега се’ е отворено, нo очекува затворање после празниците:

„Санкт Петерсбург се затвора, нема да работат кафулињата и музеите. Секоја гoдина имаме собири за празниците, но не и годинава“.

Според лекарката, мерките претходно не се почитувале, особено во текот на летото. Смета дека луѓето треба пандемијата да ја сфатат сериозно.

-Секој човек си има право на свое мислење, но јас работев со пациенти, многумина беа тешко болни, некои и умираа. Баба ми почина од ковид во болница, мaјка ми беше болна, знам лекари кои беа болни, луѓето мoра да мислат и на другите – додава Гусак.

 

Фото: Instagram/ ruski_lekar

Извор:  mondo.rs