Сплитските кошаркари пак на дресот ќе го носат името “Југопластика“, со кое освоија три европски титули – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/20 1:11 PM

Сплитските кошаркари пак на дресот ќе го носат името “Југопластика“, со кое освоија три европски титули

Спомените не бледнеат. Најдобриот кошаркарски клуб во 20. век на своите дресови го враќа името „Југопластика“, со кое сплитскиот клуб освои три титули европски шампион пред триесетина години, пишува „Јутарњи лист“.

„Југопластика“ се враќа! Не, не станува збор за некогаш познатата низ Југославија сплитска фабрика, туку за враќањето на натписот „Југопластика“ на дресовите на кошаркарите на КК „Сплит“.

„Бидејќи истече договорт со компанијата ’Tommy’, која повеќе години беше наш генерален спонзор, КК ’Сплит’ донесе одлука, во чест на 75-годинината од формирањео на клубот и освоените три титули европски првак, на дресот до врати името ’Југопластика’, во занк на сеќавање на најславните денови од постоењето на нашиот клуб“, објавиле од кошаркарскиот клуб „Сплит“.