Стресот често го сметаат за болест на модерното време, а тој може да има големо влијание врз здравјето. Симптомите се многу различни и варираат од проблеми со спиењето до раздразливост. Стресот може да се манифестира преку висок крвен притисок, главоболка, промена во телесната тежина, губење на косата…
Кога сте под стрес, обидете се да го елиминирате на природен начин:
Лаванда
Доколку имате проблеми со спиењето, ишприцајте во воздухот во спалната соба есенцијално масло од лаванда. Истражувањата покажуваат дека лавандата ја намалува анксиозноста, го смирува умот, но и телото. Со самото тоа, ќе можете побрзо и полесно да заспиете. Исто така, докажано е дека ароматерапијата иницира различно расположение, па со неа ќе може успешно да се справите со заморот, депресијата, анксиозноста и главоболката.
Камилица
Чајот од камилица докажано ги опушта мускулите, особено пред спиење. Оваа прекрасна билка со години се користи како природен антидепресив, поради седативните својства, но и го подобрува имунитетот.
Темна чоколада
Конзумирањето 30 грама темна чоколада го намалува нивото на хормонот на стрес, а со тоа и анксиозноста. хормонот на стрес (кортизол) лесно може да стане урамнотежен и да предизвика дисфункционалност. Темната чоколада може да ви помогне при намалувањето на овој хормон. Иако се препорачува често да се конзумира, не треба да претерате со оваа намирница.
Извор: republika.rs