Овошјето познато како „кралица на есента“ нуди бројни придобивки за вашето здравје – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/20 11:44 PM

Овошјето познато како „кралица на есента“ нуди бројни придобивки за вашето здравје

Вкусна е, со црвена боја и достапна е само три месеци во годината. Можеби веќе погодивте – се работи за калинката. Ова овошје го нарекуваат „кралица на есента“. Дали калинката навистина има толку предности, што ја заслужува титулата супернамирница?

Една калинка содржи околу 600 зрнца кои имаат единствен вкус. Една дланка семки од калинка содржи 144 калории, два грама масти, 33 грама јаглехидрати, 24 грама шеќери, седум грама влакна и три грама протеини.

Какви придобивки ни нуди јадењето калинка?

Го одржува срцето здраво

Некои студии покажале дека пиењето сок од калинка на дневна основа може да го намали крвниот притисок и да го редуцира холестеролот.

И’ помага на функцијата на мозокот

Калинката може да има позитивни краткорочни последици на когнитивните функции кај средовечните луѓе,но и кај повозрасните кои се жалат на проблеми со памтењето.

Може да ја намали болката во зглобовите

Антиоксидансите во калинката имаат антиинфламаторни својства кои можат да ja ублажат непријатноста предизвикана од артритис или болка во зглобовите.

Одлична е за варење на храна

Половина чаша семе од шкалинка содржи околу четири грама влакна кои имаат корисен ефект врз дигестивниот систем.

 

Извор: index.hr