Мафини со портокали и ореви: Едноствен рецепт за извонреден вкус – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/20 10:48 PM

Мафини со портокали и ореви: Едноствен рецепт за извонреден вкус

Мафините со портокали и ореви би можеле да бидат совршен десерт во овие есенски денови. Рецептот е едноставен, а вкусот извонреден.

За да ги приготвите, потребни ви се следните состојки:

130 гр брашно

Изрендана кора од два портокала

Сок од еден портокал

130 грама шеќер

1 ванилен шеќер

1 јајце

120 грама путер

1 дл кисела павлака

50 грама исечкани ореви

1 лажичка прашок за печиво

Подготовка:

Изматете ги шеќер, ванилениот шеќер и путерот, откако претходно ќе го омекнете. Додајте ги јајцето и киселата павлака, па матете и понатаму.

Измешајте го брашното со прашокот за печиво и додадете ги во претходно подготвената смеса. Продолжете да мешате со дрвена лажица.

На крај додадете ги оревите, сокот од портокали и кората, па добро соединете ги состојките.

Смесата поделете ја во калапи за мали мафини.

Печете во рерна загреана на 180 степени околу дваесет минути.

На здравје!

 

Извор: stil.kurir.rs