Менаџерот на англиски Ватфорд, Владимир Ивиќ, ја доби наградата „менаџер на месецот“ во Чемпионшип за ноември. Неговиот тим не го почувствува поразот на пет одиграни меча, победувајќи на три од нив, покрај двата нерешени исходи.
Но, поранешниот фудбалер на Партизан и ПАОК, не беше претерано ентузијастичен кога ја прими наградата и тоа претставуваше повод за низа интересни и забавни коментари на навивачите по социјалните мрежи.
„Ивиќ со отказното решение во рака“, „Кога би се вратиле во Премиер Лига, сигурно Владимир би ја предводел големата забава“, беа само дел од коментарите на фановите на „пчелите“.
По одиграни 17 кола, Ватфорд се наоѓа на третата позиција на табела со 30 освоени бодови и само четири позади првопласираниот Норич.
Фото:
Twitter / @ODDSbible
besoccer.com