Македонскиот репрезентативец Дејан Георгиевски постигна голем успех на Европското сениорско првенство во таеквондо, освојувајќи го сребрениот медал.
Георгиевски во финалната борба загуби со 19:18 од поранешниот светски првак, иранецот Махди Кобадабакаши, кој на Европското првенство во Сараево настапи под знамето на Србија.
На патот до финалето, Георгиевски ги совлада Андреј Гарбар од Украина (11:4), Динко Шегедин од БиХ (12:7) и Рос Даниел од Шпанија со 11:4.
Фото:
prokerala.com