На овој ден пред шест години престана да чука срцето на кралицата на ромската песна Есма Реџепова Теодосиевска. Шест години без нејзиното пеење, а споменот за неа сеуште е распарчен и во судски лавиринти.
Последната работа што се обидуваат да ја направат Симеон Атанасов и членовите на нејзината Фондација е петицијата за да се исполни ветувањето на Стево и нејзината последна желба и аманет- нејзиниот дом да биде музеј.
-Оваа власт не покажа грам почит кон нејзиното дело, голем срам, вели Атанасов.
Изминаа четири години откако те нема, јас сеуште се борам да се исполни вашата желба и аманет. Оваа власт не покажаа…
Posted by Simeon Atanasov on Friday, December 11, 2020
Што направи таа за нејзиниот работен век цел свет знае, но за надлежните кои ни со прст не мрднаа да го запрат распарчувањето на оставштината на Есма и Стево Теодосиевски.
За надлежните кои да беа во друга држава ова одамна ќе беше место кое ќе го посетуваа љубителите на нејзината музика, за сите кои место да се гордеат што низ светот ја претставуваше Македонија.
Уште еднаш низ фотогалерија се потсетуваме на тоа како изгледа споменот за Есма: