Бајден и Харис се личности на годината според „Тајм“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/20 11:27 AM

Бајден и Харис се личности на годината според „Тајм“

Новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден и потпретседателката Камала Харис се избрани за „Личности на годината“ според  „Тајм“.

Покрај Бајден кој на 20. Јануари треба да стане 46-тиот  претседател на САД и Камала Харис, меѓу финалистите биле и претседателот во заминување Доналд Трамп, движењето за расна правда кое настана по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, медицинските работници и експертот за инфективни болести Ентони Фаучи.

Минатата година на насловната страница на „Тајм“ се најде шведската активистка за климатски промени Грета Тумберг.

Традицијата на „Тајм“ потекнува од 1927 година и се доделува на поединец, група или движење кое предизвикало големо влијание во изминатата година.