Денес ќе го славевме твојот роденден, мамо: Синот на Исидора Бјелица со емотивна порака – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/20 9:16 PM

Денес ќе го славевме твојот роденден, мамо: Синот на Исидора Бјелица со емотивна порака

Писателката, Исидора Бјелица почина пред четири месеци, а нејзиното семејство и понатаму не може да се опорави од големата загуба. Денес, познатата писателка ќе наполнеше 53 години, па нејзиниот син Лав Пајкиќ објави на инстаграм, фотографија со мајка си и напиша емотивна порака.

Денес ќе го славевме твојот роденден мамо. Имајќи предвид дека како семејство постојано бевме активно, секогаш беше подвиг сите да се најдеме на исто време во исто време, но за секој тој роденден традиционално успевавме да се собереме на иста маса – се вели во објавата.

Ќе продолжиме да ја одржуваме таа традиција, бидејќи таа не’ учи што е всушност важно во животт – здравјето и времето што го поминуваме со нашите најблиски. Вечно си во нашите срца и мисли – додава Лав.

 

Инаку, Бјелица почина во Белград на 5. август годинава по десетгодишната борба со канцерот. Таа почина во куќата на нејзините родители.

 

Извор: mondo.rs