И покрај зголемената потрошувачка, антикоагулантна терапија Клексан и Ксералте има доволно во земјава, вели Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/20 4:51 PM

И покрај зголемената потрошувачка, антикоагулантна терапија Клексан и Ксералте има доволно во земјава, вели Филипче

Потрошувачката на антикоагулантна терпија во земјава е тројно зголемена во однос на истиот период  лани, но добавувачите прават напори да се обезбедат бараните количини и во моментов нема недостиг од ваква терапија, ниту во аптеките, ниту во болниците, информираат од Министерството за здравство.
-И покрај тоа што годинава се трошат тројно повеќе лекови од палетата на антикоагулантна терпија во која влегуваат лекови како клексанот и ксарелтото, во моментов нема недостиг од овој тип на терапија, ниту во болниците, ниту во аптеките. Зголемента потрошувачка се должи на тоа што овие лекови се вклучуваат како терапија кај болните со Ковид-19 кај кои се јавува одредени проблеми со крвта, вели министерот Венко Филипче.
Добавувачите на овој тип на лекови во нивните планирани набавки за 2020 година имаат предвидено увоз на многу помали количини од овие лекови, но со зголемената потрошувачка се прават и дополнителни напори за набавки и до сега нема проблем во испораката.
– Проблемот не е само кај нас туку во целиот свет. Зголемена е побарувачката на лековите од овој тип кај прозиводителите и се прават дополнителни резрвации од сите земји. Кај нас во ниту еден момент немаше недостиг од овие лекови. Клиничката аптека ги има во континуитет и достапни се на сите болници и ковид центри, а испораката оди редовно и во аптеките низ државата, вели Филипче.
Во текот на наредната недела ќе се испорачаат и дополнителни количини на клексан во Клиничката аптека во Скопје, а доволни количини на лекот има и за аптеките и за останатите болници во земјава.