Кремаста и неодоливо вкусна: Чорбата од карфиол е богатство за вашето здравје – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/20 10:06 PM

Кремаста и неодоливо вкусна: Чорбата од карфиол е богатство за вашето здравје

Со свиленкаста структура и интензивен вкус, чорбата од карфиол и праз би можела да ви донесе вистинско уживање во овие есенски денови. Доколку додадете и павлака, ќе добиете прекрасна киселкаста нота.

Состојките што ви се потребни за ова јадење се следни:

2 лажички масло

Праз (белиот и светлиот дел од литовите, 220-240 грама)

1/3 средна големина корен од целер (120-140 грама)

Карфиол средна величина (900-900 грама или 600-700 грама исчистен)

Лажичка сол

8 dl – 1 l вода или пилешки бујон

200 грама кисела павлака

Црн бибер по вкус

Начин на подготовка:

Измијте го и исечкајте го празот на покрупни парчиња. Исчистете го и коренот од целер и исечкајте го на ситни коцки. Ставете ја водата или бујонот да зоврие на рингла.

Понатаму, додајте го маслото во тенџерето и вклучете ја ринглата на тивок оган. Додадете ги празот и солта и пржете десетина минути со повремено мешање, додека празот не омекне. Во меѓувреме, измијте го карфиолот, отстранете ги надворешните листови и цврстиот дел од коренот.  Додајте го целерот и измешајте.

Додадете го и карфиолот, заедно со лажичка сол и истурете ја водата што врие. Во тенџерето нека останат околу 8 dl  или доволно вода за да не се покрива карфиолот, бидејќи така полесно ќе се изблендира и ќе добиете поубава густина.

По потреба, густината можете да ја прилагодите и по блендирањето.

 

Извор:  stil.kurir.rs